Во периодот од 2 август до 1 ноември 2022 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година, информира Амбасадата на Обединетото кралство. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.
Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.
Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50,000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2023/2024 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии.
Како што светот продолжува да се справува со глобалните предизвици како климатските промени, меѓународната соработка е повеќе од потребна. Чивнинг се стреми да изгради меѓународна заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на едукација да ги остварат своите цели. – изјави Наоми Рејнер ,одговорна за стипендии во британското Министерство за надворешни работи, комонвелт и развој:
Во Обединетото Кралство сме горди на нашите светски признаени универзитети и знаеме дека нашата научна средина е збогатена со различни култури, искуства и гледишта преставени во нашите кампуси. Чивнинг стипендистите даваат значаен придонес во овие заедници, а понатаму стануваат важен дел од алумни мрежата која брои преку 50,000 членови, додава Рејнер.
Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство, прифаќајќи луѓе од целиот свет да студираат и да се развиваат, вели Метју Лосон, британскиот амбасадор во Република Северна Македонија.
Ако си некој кој е страствен да направи промена, било на локално или на глобално ниво, ако сакаш да бидеш најдобар во она што го правиш и ако имаш имагинација да ги инспирираш и другите, тогаш Чивнинг стипендијата може да биде одлична можност за тебе. Не постои ‘типичен’ студент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка позадина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од алумни заедницата која брои преку 50,000 членови ширум светот. – истакна Амбасадорот.
Додава дека е голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, укажувајќи дека крајниот рок за аплицирање е 1 ноември.
Повикот за нови апликанти следи по изборот на 7 [седум] стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги сподеуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter и Facebook.
OhridNews