Една мала чивава, поранешен станар на едно прифатилиште за кучиња во Лондон, станала вистинско овчарско куче. Иако е тешка само еден килограм, женката чивава по име Ненски успева да ги држи овците заедно, иако се неколку пати поголеми од неа.
Нејзината сопственичка Ели Тејлор рекла дека Ненси ги научила вештините на овчарските кучиња за време на посетата на неколку фарми во Англија. Тејлор задоволно изјавила дека не постојат работи кои не можат да ги научат напуштените кучиња.