На годишнината од постоењето спроведовме анкета што сакаат посетителите најмногу да прочитаат на Ohridnews. Најголем дел од нив сакаат да се информираат за локални актуелности.
Од вкупно 2163 анкетирани читатели, 28% или 602-ца се изјасниле дека најзастапени содржини на нашиот интернет портал треба да бидат локалните вести. Голем дел, односно 19% или 404 читатели сметаат дека треба да биде отворена рубрика огласи на Ohridnews, 16% ги преферираат спортските вести, 12% фото вестите и видео клиповите, а 10% бараат да биде отворен форум на нашата интернет страна.
Во анкетата 7% од читателите се изјасниле дека позастапени треба да бидат забавните содржини, 6% сметаат дека не треба да се менува постојниот концепт, а 2% сметаат дека треба да се објавуваат повеќе колумни и ставови.
Редакцијата на Ohridnews сериозно ќе ги земе во предвид сите размислувања на своите читатели, а дел од нив ќе вклопи во новиот концепт кој следува наскоро.
Ohridnews