63-годишната Кармен Велочи од Онтарио ја запреле поради тоа што ни во возењето не можела да и одолее на добрата книга.
Сообраќаен полицаец ја запрел Кармен која при брзина од 100 km/h читала книга. – пишува Торонто Сан.
Против Кармен ќе биде поднесена пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот, но таа не кажала зошто во возењето не прекинала со читање на книгата.

Канадската полиција редовно спроведува акции во кои што предупредува дека неодговорност и невнимателност во сообраќајот нема да толерира, но на оваа жена тоа очигледно ништо не и значело.