Ерон Ларџ, одржувач на градската хигиена во Лондон во канализацијата пронашол часовник „Ролекс“ вреден 24 илјади евра. Потоа повикал телевизиска екипа за да ја одведе на местото на настанот, но на истото место пронашол уште три многу вредни часовници. Британските медиуми навеле дека Ларџ би можел да заработи повеќе од 72 илјади евра доколку никој не ги побара скапоцените часовници. тој добил пофалби за својата чесност, откако пронајдениот часовник веднаш го пријавил во полиција.

Меѓутоа, тој се вратил на истата локација со екипа на локалната телевизија, и бил многу изненаден кога пронашол уште еден „Ролекс“, „Омега“ и „Френк Милер“. Сите часовници биле пронајдени преку патот на железничката станица во Есекс. Полицијата води истрага дали часовниците се поврзани со некои од претходно извршените грабежи.