Чистач на прозорци преживеал пад од шестиот кат на една зграда во Висконсин и поминал само со повреди на нозете. Вели дека се се случило многу бргу и дека очекувал да го сопре безбедносното јаже.

Над влезот во зградата имало мала настрешница. Паднал на неа па одскокнал на тротоарот. Добил мали повреди на левото стапало и неколку копци на ногата.