Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонската Супер лига победувајќи го Металург со 24-21 (12-8) во решавачкиот натпревар кој се одигра во „Автокоманда“.
„Црвено црните“ со триумфот во осмата рунда од шампионатот комплетириаа двоен триумф кој им го отвори патот од јубилејната десетта титула во Супер лигата.
Дербито помина со квалитетен и пред се цврст ракомет и за момент потсети на деновите кога за титулата решаваа нијанси и моменти на инспирација.
Сезонава, Вардар е поквалитетен тим, а тоа го покажа на теренот и сосема заслужено година дена ќе владеа во македонскиот ракомет.
OhridNews