Охридските ракометари на крилата од навивачката група „Рибари“ му пружија силен отпор на Металург во битката за бодовите во заостанатиот натпревар од третата рунда во Супер лигата.
„Плаво белата“ армија на трибините не само што беше неисцрпувачки мотив за ракометарите на Охрид туку и „главен виновник“ за пеколната атмосфера во „Билјанини Извори“.
Со навивањето пред и после мечот „Рибарите“ заслужија чиста десетка, а на нивна сметка благодароност преку социјалните мрежи испратија интернационалците во охридскиот состав.
„Рибари“ вие сте нашиот осми играч ! Капа долу за вас. напиша Елдин Вражалица додека Дарко Павловиќ ја опиша атмосферата „Ова треба да се доживее, Рибари ви благодариме“.
Во ваква атмосфера како на мечот со Металург охриѓани би го добиле секој противник во Супер лигата во иднина.
Фото : Емилио
Мх.П.