Неформалното еколошко движење „Чист Охрид“, денеска ја одржа својата 31. акција во паркот кај населбата Бараки.

На лице место воочивме дека на целиот простор каде што има детско игралиште и игралиште за кошарка нема ниту една канта за ѓубре, а клупите во паркот се искршени. Во близина немаше ни контејнери така што по обидот да ги известиме службите со возила за собирање смет, останува да апелираме Охридски Комуналец да го отстрани ѓубрето кое го собравме, во кое имаше и огромно количество стакло. Се надеваме дека во најбрзо време ќе се постават канти за ѓубре, а посетителите на паркот ќе се однесуваат одговорно кон својата околина и нема да го уништуваат паркот.

„Чист Охрид“