Чинија стара 900 години од периодот на кинеската династија Сунг била продадена за рекордни 26,7 милиони долари на аукција во Хонг Конг. Аукциската куќа Сотби соопштила дека осум купувачи 15 минути се натпреварувале за чинијата, пред таа да биде продадена за 208 милиони хонгконшки долари, што е три пати поголема цена од проценетата.
Од Сотби навеле дека станува збор за рекордна цена за некој керамички предмет од династијата Сунг. претходниот рекорд го држела една вазна која во април 2008 година била продадена за 67,5 милиони хонгконшки долари. Аукциската куќа соопштила дека чинијата во форма на цвет е дел од приватна јапонска колекција.