Кампањата на коалицијата за Европа „Сонце“ се одвива во крајно позитивна и релаксирана атмосфера за разлика од таа на нашите политички ривали кои и со закани, сеење страв и шарени лаги се обидуваат да освојат гласовите на граѓаните, рече Томе Чинговски-претседател на ОО СДСМ и кандидат за пратеник од „Сонце“ во 5-та ИЕ на средбата со новинарите што се одржа денеска.

„Власта на ВРМО ДПМНЕ продолжува со со својот недемократски, нефер и омаловажувачки однос однос кон сопствените граѓани. Несфатливо е ваквото нивно политичко слепило кое е резултат на нивната борба за гола власт, само за сопствените лични и партиски интереси“, рече Чингоски. Како инаку можат да се објаснат стотиците илјади евра потрошени во изминативе 12 дена за рекламирање на наводните владини проекти? запрача Чингоски. Тој запраша и зошто не се пронајдени предизвикувачите на изборните инциденти, зошто се апсат граѓани кои снимаат партиски митинг и побара објаснување, за како што рече, секојдневните закани на директорите врз работниците да гласаат за нивната опција.Чингоски рече дека сето тоа е последица на паничниот страв кој ја зафатил ВМРО ДПМНЕ, бидејќи на 1 јуни ќе треба да се соочи со реалноста дека на народот му е стемнето од таквото недемократско однесување и лажен патриотизам.


Томе Чингоски

На прес конференцијата Чингоски се осврна и на неодамна одржаната тирбина за туризмот во Охрид на која говореа лидерката на ДОМ, Лилјана Попоска, министерот за надворешни Милошоски и други претствници на коалицијата „За подобра Македонија“. Не знам по кој пат слушаме за некаква стратегија за развој на туризмот која те е готова те не е. Рече Чингоски. Тој истакна дека туристичка промоција не се прави со организирање на како што рече саемче во Охрид или учество на саем во Белград и слично, туку со континурана промоција.  За разлика од централната власт локалната власт има одржлива стратегија за развој на туризмот но државата не го одобрува влезот на Охрид во втората фаза на децентрализација зошто се плаши општината да не стане уште поуспешна, од што најмногу штета имаат граѓаните, рече Чингоски.

На средбата со новинарите Чингоски го најави регионалниот митинг на коалицијата „Сонце“ во 5-та ИЕ, кој утревечер ќе се одржи во Центарот за култура со почеток во 20:30ч.

ohridnews