На прес конференцијата што се одржа на местото каде беше поставен камен темелникот на ул „Железничка, Чингоски истакна дека и по 7 месеци оттогаш не се почнати никакви активности.
-Лагите на господинот Груески не престануваат тука, а пример за тоа се училишните сали во с. Лескоец каде исто така беше поставен камен темелник но не се отпочнатин никакви градежни работи, а истото се случи и во средното училиште „Ванчо Питошески“, рече Чингоски.
Тој ја обвини актуелната власт дека води интерес единствено за големите тендери, како што се тие за набавка на нови компјутери за учениците.
-Во Охрид одговорно тврдам дека во функција не е ставен ниту еден компјутер а Груевски распишува нови тендери за набавка на нови компјутери за кои граѓаните можат да претпостават од кои причини се распишуваат и како ќе се реалзират, додаде Чингоски.