Одлуки за општинскиот линиски превоз на патници и на авто-такси превозот на патници; организирање режим на сообраќај; извештаи за резултати од работењето на ЈП, како и прашања од урбанистичката сфера – се само дел од содржините по кои ќе расправа Советот на општината на 55-та седница која претседателот на Советот, Владо Чингоски, ја свика за 26. овој месец (четврток) со почеток во 11 часот во зградата на Општината.

Советот на 55 седница нема да расправа по Одлукатa за измени и дополнувања на Буџетот на општината за 2008, како што првично беше најавено, а наместо оваа точка, пред членовите на Советот ќе се најде Предлог-Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг-простори.

На дневен ред на седницата вкупно ќе се најдат 14 точки: Предлог-Одлука за измена на Одлуката (од 12.10.2005.година) за општински линиски превоз на патници во општина Охрид; Предлог-Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници во општина Охрид; Предлог-Одлука за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид; Предлог-Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг-простори; Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката (од 26.04.2004.година) за утврдување цени за вонредно чистење на улиците; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ во првите три месеци од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на тримесечниот Извештај на РЕ „Водовод“ и РЕ „Колектор“ во првиот квартал од годинава; Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“; Предлог-Одлука за формирање локален Совет за превенција; Предлог-Одлука за утврдување Нацрт- ДУП за Урбана Заедница 6 дел од урбан блок 6.1 опфат „Крст џамија“- општина Охрид; Предлог – Одлука за утврдување Нацрт-ДУП за УЗ 1 дел од урбан блок 1 опфат 1 – општина Охрид; Предлог – Одлука за донесување ДУП  за дел од УЗ 16 – „Рача“ УБ 16.3 опфат 3 – општина Охрид; Предлог-Одлука за донесување  ДУП за плански опфат вон населено место Лагадин- Пештани, општина Охрид, дел од УБ 9; Предлог- Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користење на промотивно-информативен банер.

ohridnews