Претседателот на Советот на општината во стар состав, Владо Чингоски, согласно одредбите на Законот за локална самоуправа и Статутот на општината, ја свика конститутивната седница на новиот состав на Советот по спроведените локални избори на 22. март годинава.

Седницата е свикана за среда, 15. април со почеток во 12 часот и ќе се одржи во големата сала на зградата на Општината. Чингоски, како свикувач  ќе претседава само на почетокот на седницата кога ќе го означи почетокот на конститутивната седница, по што, претседавањето ќе му го препушти на најстариот член на Советот.

На оваа седница ќе биде извршена само верификација на мандатите на 23-те членови на Советот на општината во кој 9 се од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 7 од листата на СДСМ, по 2 од листите на ВМРО – НП и НСДП, 1 член од листата на ПЕИ и двајца независни: Љупчо Настоски и Владо Цветкоски.   

За свиканата седница на Советот на општианта во нов состав предложен е дневен ред со 2 точки: Верификација на мандатите и Давање и потпишување свечена изјава на членовите на Советот.

Ohridnewsw