Претседателот на Советот на Општина Охрид, Владо Чингоски не ја добил бараната услуга од извесна такси компанија во Охрид зашто релацијата што ја имал предвидено му се видела премногу куса на таксистот. Ова Чингоски го соопшти денеска на седницата на Советот кога се расправаше по Предлог – одлуката за изменување и дополнување на одлуката  за авто-такси превоз на патници.

Предлог – одлуката предвидуваше зголемување на цените на такси-превозот по предлог на таксистите, но не беше усвоена од страна на советниците.

Ohridnews