Чингоски: Информациите за поскапување на струјата се само новинарски шпекулации
07.10.10 14:00
Информациите во медиумите за покачување на цената на струјата се само новинарски шпекулации, изјави денеска во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.
– Ние како компанија која се занимава со производство на електрична енергија имаме законска обврска до крајот на овој месец да ги доставиме до Регулаторната комисија нашите калкулации со трошоците за изминатата година и предвидувањата за идната година. Тоа ќе го направиме до 31 октомври, така што Регулаторната комисија тие податоци ќе ги разгледа и врз основа на нив ќе утврди дали ќе има корекција на цената, не зборувам за покачување ниту за намалување туку за корекција на цената, врз основа на реално постигнатите трошоци.-рече Чингоски.
Директорот на ЕЛЕМ истакна дека цента на електричната енергија не се предвидува, туку таа се формира врз основа на трошоците.Чингоски смета дека најавите дека струјата до 2015 година ќе биде повисока за сто проценти, се информации што не се базираат врз факти, туку се пласирани од субјекти кои притоа сметаат на либерализација на енергетискиот пазар, бидејќи во такви услови цената се формира врз основа на понудата и побарувачката. „Имајќи ги предвид економските прилики во земјата, ние и натаму ќе ја ускладуваме цената согласно тоа и драстично покачување на цената на електричната енергија не треба да се очекува, особено за домаќинствата и малите претпријатија“.-додаде Чингоски.
Инаку, Чингоски во Охрид учествува на 13-от по ред Меѓународен симпозиум „Енергетика 2010“ што се одржува во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).
На собирот во Охрид на кој учествуваат 400 претставници од 12 држави од регионот и Европа ќе бидат претставени рекордни 130 научни трудови од сите четири области на енергетиката – базна енергитика, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и менаџментот во енергетиката, опфаќајќи ја целокупната енергетска состојба во Република Македонија.
Дијабетесот не е само мал здравствен проблем – тоа е сериозна, долгорочна состојба која погодува милиони луѓе ширум светот Ако не се контролира, може да доведе до тешки компликации, вклучувајќи срц...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ Пријавениот, директор на о...
Иницијативата „Збогум Буково“ по повод Денот на жената, 8-ми Март, организира акција за садење 100 дрва во Охрид Оваа сабота, на Денот на жената, ве повикуваме драги Охриѓани да дојдете и засадете ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.