Еден чилеанец бил уапсен на аеродромот во Барселона откако полицијата открила дека гипсот кој го носел на скршената нога, всушност не бил направен од гипс, туку од кокаин. 66 годишниот маж сакал да прокриумчари 4,85 килограми кокаин. Чилеанецот пристигнал во Барселона од Сантијаго.
Полицијата открила дека гипсот бил направен од кокаин кога го попрскале со хемикалија која посинува кога ќе дојде во допир со дрога.