Ракометната репрезентација на Македонија, денеска, во 15:30 часот го игра најважниот натпревар во групата Г на Мундијалот во Египет. „Црвено жолите“ ќе ги одмерат силите со Чиле и во директна пресметка ќе одлучуваат за третиот патник во главната фаза.
Двете селекции немаат со што да се пофалат од досегашните два натпревари на Светското првенство. Особено Македонија, која одигра под сите очекувања и претрпе убедливи порази во дуелите со Шведска и Египет.
Избраниците на Данило Брестовац мора да свртат нов лист и комплетно со сите сили да се насочат кон Чиле, кој мора и треба да „падне“ во мечот на одлука. Македонските ракометари, овој пат немаат право на грешка, слаб ден или нешто друго, затоа што победа е единствена опција во средбата со Чиле.
Во прилог на Македонија е и двојната победа во подготвителниот период за Мундијалот, но ништо не мора да значи, ако не се одигра со срце и душа од почетокот до крајот на натпреварот.
Напред Македонија!
OhridNews