-Средствата за изградба на споменикот се доделени од поодамна, а не како што погрешно информираат одредени медиуми. Сепак мислам дека ова не е време за споменици, но бидејќи тоа е стара идеја за која локалната самоуправа нема да троши пари ние ќе распишеме конкурс овие денови, истакна Петрески.
Според градоначалникот Петрески оригиналната идеја за изградба на споменикот е на академикот Грозданов.
-Тука се мешаат одредени работи, иницијативата е на академик Цветан Грозаднов уште од 2005 година, а реализацијата ќе ја финснсира државата која очигледно дека во овој момент има отповеќе средства за споменици, рече Петрески.
Според најавите споменикот на Св. Наум Охридски треба да биде поставен во паркот пред Рибниот ресторан.