Кон крајот на септември дизајнерот Кристијан Лубутен лансирал нови потпетици во боја на вашиот тен. Овие чевли кои даваат ефект на „издолжена нога“ станале голем хит во САД. Тој ја претставил новата колекција и со самото тоа им овозможил на пониските жени визуелно да изгледаат повисоки. Неговите чевли биле класичен модел кои се наменети за сите комбинации на облекување. Постојат пет бои и нијанси и неговата замисла е секој модел приближно или сосема да одговара на бојата на кожата.

Се продаваат исклучиво во бутиците на Лубутен, но купувачите од Европа ќе имаат можност да ги нарачаат преку интернет. Според критеритумите на Лубутен, жената не е впечатлива доколку не е висока, па со ова сакал на жените да им го сврти вниманието кон вистинските вредности. Овие фантастични пет модели се разликуваат во распон од најсветла до најтемна нијанса. Францускиот производител на чевли мислел на се, па лансирал и Лубутен апликација која на купувачите им овозможува на лице место да го фотографираат своето стапало и да нарачаат чевли во бојата на својата кожа.