Тајванските научници измислиле кожни чевли кои ја менуваат бојата кога ќе дојдат во допир со сончевата светлина. Бојата се менува затоа што научниците во кожата вградиле микро капсули си светлечки честички и смола. Основната боја на чевлите е бела. Меѓутоа 30 секунди по излегувањето на сонце таа се менува во розе, портокалова или лилава, во зависност од состојката која ја ставаат на кожата.
Зависно од дизајнот бојата може де ја менува или целиот чевел, или само дел од него. Ефектот трае до 60 часа. Научниците се обидуваат изумот да го продадат на големите производители и сеуште не се знае дали идејата ќе заживее.