Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празници на РМ, 28 Август 2008 година (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.