Охридскиот фудбалски клуб, на вториот ден од подготовките за пролетната полусезона во Втората лига го официјализираше четвртото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на Охрид е искусниот дефанзивец Александар Василев.

34-годишниот фудбалер составот на Охрид го засили од Лабуништа каде ги помина последните шест месеци од кариерата. Стратегот на охриѓани Драган Бочески со Василев во ростерот ќе има повеќе од добра и пред се искусна одбрана која ќе мора да биде на висина од задачата во текот на втората полусезона.

Доведовме квалитетен и искусен фудбалер кој ќе ни биде од голема помош. Последната линија од екипата ја комплетиравме и сега ќе работиме на доведување на фудбалери за средината од теренот и нападот. – изјавија од клубот.

„Рибарите“ претходно ги доведоа голманот Раиф Мирселоски, Дарко Симјаноски и Ујкан Муча, а од клубот заминаа Даниел Котески, Стефан Петрушески и Кипријан Петрески.

OhridNews