Едно ново истражување открило дека четвртина од британците не ја пере својата постелнина шест месеци. Само 17 проценти од испитаниците рекле дека ги менуваат чаршафите еднаш неделно, а третина тоа го правела еднаш месечно. Студијата покажала и дека 32 поценти од испитанциите не го измиле својот тоалет темелно речиси половина година, а тертина ја читела куќата со правомукалка еднаш неделно. Жените, при тоа, се поалкави од мажите, 19 проценти од мажите и само 15 проценти од жените ја менуваат постелнината секоја седмица. Меѓутоа, дамите се поуредни кога станува збор за чистењето на тоалетите, 41 процент од жените и 36 проценти од мажите секја седмица ги мијат своите тоалети.

Доктор Адам Фокс, педијатал алерголог од Лондон рекол дека менувањето на чаршафите не е само прашање на чистотата, туку и на здравјето. Рекол дека третина од животот го минуваме во кревет, и тука оставаме многу ѓубре од телото во вид на ќелии од кожатам пот, масти и други течности. Иако тие отпади сами по себе не се опасни, тие се многу вкусна храна за бактериите. Можеби делува како здодевна обврска, но менувањето на постелнината е поважно отколку што многумина мислат.