Џез ин / Керал сцена - Центар за култура

Од 21.07.2022 - 20:00 до 14.08.2022 - 20:00

Во четврток во Охрид започнува четвртиот маратон на комедијата кој ќе трае до 14-ти август.

Маратонот вклучува дваесет и две шоуа во исто толку денови. Љубителите на добриот хумор ќе можат да уживаат во настапите на Никола Тодороски, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски, како и гостите комичари од соседна Србија: Александар Перишиќ, Никола Силиќ и Ненад Шиља Стефановски.

На овогодишниот маратон свое шоу на англиски јазик ќе има и Влад Илиќ кој доаѓа од Лондон, како и познатите актери Атанас Атанасовски, Тино Костадиноски и Бојан Кирковски од Скопје. Секако тука се и препознатливите шоуа Импровокација, Евтини Секс Приказни и Two mothers brothers – комеди кабаре на актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски. – велат организаторите.

Сите шоуа започнуваат во 20:00 часот, а локација на која ќе се одржи маратонот е познатиот клуб Џез Ин, како и керал сцената на Народен Театар Охрид.

Карти за маратонот може да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066. Сите информации за настанот може да се најдат на следниот линк.

OhridNews