Екипите учесници во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“ ќе се комплетираат вечерва со одигрувањето на четвртфиналните мечеви.
На програмата се мечевите меѓу Лакочереј – Мистер И односно Бел Мерцедес – АСП Пак. Пласман во полуфиналето обезбедија екипите на Кадмо и Мешеишта кои беа поуспешни во четвртфиналето од своите противници.
Двојки:
21:00ч Лакочереј – Мистер И
22:00ч Бел Мерцедес – Асп Пак
OhridNews