Јубилејниот петти турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ влегува во завршна фаза. На програмата во сабота се два од четирите натпревари во втората елиминациска фаза.


Четвртфиналето ќе го отворат екипите Кадмо – Бел Мерцедес додека во вториот меч ќе се сретнат Викса Пром и Сатеска.

Во недела ќе се комплетираат полуфиналистите по одигрување на преостанатите четвртфинални натпревари Леонардо Пица – Враништа и АСП Пак – Вис Пој.

Двојки :

Сабота : Кадмо – Бел Мерцедес (20:30ч), Викса Пром – Сатеска (21:30ч).

Недела : Леонардо Пица – Враништа (20:30ч), АСП Пак – Вис Пој (21:30ч).

Ohridnews