Со четвртфиналните натпревари започнува финалната разврска на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“.


На програмата се два натпревари додека преостанатите два ќе се одиграат на 3. август по кои ќе се комплетираат полуфиналистите.

Четвртфиналните пресметки ќе ги отвори бранителот на трофејот Асп Пак против Дооел Ноче во 21 часот, а во вториот меч во 22 часот ќе се сретнат Спаски Пердул – Ви Бајк.

Ohridnews