В сабота со почеток во 13 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе започнат четвртфиналните мечеви во Бизнис лигата во мал фудбал.
Четвртфиналната фаза ќе ја отворат екипите на Јавните претпријатија Комуналец и Проака, потоа во 14 часот следува дуелот помеѓу Хотел Метропол – Општина Охрид. Трет меч на програмата е натпреварот помеѓу АСП Пак и ЛТХ Леарница, а четвртфиналето завршува со натпреварот Жито Леб – Костал.
Двојки:
13ч: (1) ЈП Комуналец – ЈП Проаква
14ч: (2) Хотел Метропол – Општина Охрид
15ч: (3) АСП Пак – ЛТХ Леарница
16ч: (4) Жито Леб – Костал
Во полуфиналето силите ќе ги одмерат подобриот од парот 1 со парот 4, односно победникот од парот 2 со победникот од парот 3.
OhridNews