Во среда со почеток во 16:30 часот ќе се одиграат четвртфиналните мечеви од Купот во Општинската фудбалска лига.
Лидерот на табелата Охрид ќе се сретне со тимот на Воска, екипата на Вулкан ќе ја предизвика Дебрца, Лакочереј ќе ги одмери силите со Злести додека Сатеска на мегдан ќе излезе со Рудар.
Победникот од Општинскиот куп обезбедува директен пласман во Купот на Македонија следната сезона.
Двојки: Охрид – Воска, Дебрца – Вулкан, Лакочереј – Злести, Рудар – Сатеска
OhridNews