На 8 август околу 14 часот, кај плажата “Славија“, од водите на Охридското езеро е извадено телото на Јоско Мицев (24) од с.Куклиш-Струмичко. Веднаш била повикана Брза помош која само ја констатирала смртта на Мицев.
На местото на настанот е извршен увид од истражен судија, заменик јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција.
Струмичанецот Мицев е четврта жртва од давење ова лето. Неодамна кај Свети Наум се удави 26-годишен државјанин на Србија, кај Горица 1 во водите на Охридското Езеро беше пронајдено телото на момче од Зајас, а во јули кај Канео се удави 45-годишен битолчанец.
ohridnews