Денеска во 14.30ч. на Инфективната клиника во Скопје почина 55-годишна пациентка, која во изминатите 13 дена беше во тешка општа состојба и приклучена на вештачка вентилација, соопшти Министерството за здравство. 

На Клиниката таа била примена на 17.11. со тешка бронхопневмонија, со знаци на респираторна слабост, висока температура, тешко дишење и знаци на септичен шок. За неколку часа била поставена на вештачка вентилација, со која е одржувана во живот се до денеска.

Според информации добиени од Инфективната клиниката, таа шест дена пред приемот се лекувала дома, на 15.11 ги добива првите симптоми на грип, по што се јавила на матичен лекар и по два дена е хоспитализирана откако настапило брзо влошување на состојбата. На клиниката е лекувана со антивирусна терапија, со комбинирана антибиотска терпија, а во неколку наврати и е давана плазма, еритроцити, тромбоцити, инсулин и бронходилататори. Но, и покрај макисмалната заложба на лекарите од клиниката и пружената медицинска грижа, жената денеска починала. Кај неа е потврдено присуство на вирусот А (Х1Н1), а дијагностицирана и била и миокардиопатија и покачен шеќер во крвта, информираат од  Министерството за здравство.

Ohridnews