58-годишен маж е четврта жртва во несреќата што денеска се случи при експлозија на плинска боца во семеен дом во кумановското село Романовце. Како што пренесува МИА, тешко повредениот маж вечерва починал на Клиниката за интензивна нега и реанимација во Скопје.
Од болницата за агенцијата информирале дека во многу тешка состојба се наоѓаат уште две жени на возраст од околу 30 и 50 години.
Утрово, околу 10 часот, во с.Романовце, кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица беа хоспитализирано, од кои едно подоцна вечерва почина.
На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата, која засега однесе четири човечки животи.
OhridNews
Фото: Карил/Сител тв