Четири лица загинаа во терористичкиот напад во среда во Лондон, а уште 20 се ранети, соопшти во синоќа британската полиција, пренесува „Макфакс“.
Меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец.
Полицијата наведе дека верува оти зад нападот стои едно лице.
На Вестминстер мостот кај Парламентот во Лондон најпрво со автомобил покосил пешаци, а потоа во зградата на Парламентот со нож избодел полицаец, кој подоцна во болница им подлегна на повредите.
Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата, јави BBC.
Меѓу повредените се и три студентки од Франција.
Франција: Маж си го убил семејството, па се самоубил фрлајќи се под воз
Француската полиција вчера ги пронашлае телата на три деца и една жена во домот на 46 годишен маж, кој изврши самоубиство фрлајќи се под воз.
Полицијата на местото на самоубиството, јужно од Лион, пронашла порака во автомобилот на мажот, во кој вели дека го убил своето семејство, рече извор во жандармеријата.
Полицијата која отишла во неговиот дом, го пронашла телото на партнерката на мажот во приземјето. Телото на неговиот пет и пол годишен син и 12 и 13 годишните деца на неговата партнерка биле на катот во три одвоени соби.
Четворицата биле убиени со ладно оружје и биле во пижами.
Полицијата наведува дека мажот бил разделен од својата партнерка и дека се иселил пред 15 дена. /крај/хн/ст
Терористичките напади во големите европски градови стануваат сè почести
Лондон, Париз, Берлин, Брисел – големите европски градови сè почесто се мета на терористички напади.
ЛОНДОН – Најмалку четири лица се убиени, а дваесеттина се ранети во денешниот напад на Вестминстер мостот и во близина на парламентот во Лондон.
ИСТАНБУЛ – Во пукање во ноќен клуб во Истанбул во кој се славеше Нова година, напаѓач на Исламска држава уби 39 луѓе.
БЕРЛИН – На Божикниот саем 2016 година во германската престолнина се случи напад со камион, во кој приврзаник на Исламска држава прегази 12 луѓе. Напаѓачот беше убиен неколку дена подоцна во Милано.
НИЦА – Приврзаник на ИД во напад со камион усмрти 86 луѓе на променадата во Ница на францускиот државен празник.
БРИСЕЛ – На денешен ден пред една година повеќе џихадисти убија 32 лица во нападот врз аеродромот и станицата на подземната железница во Брисел.
ИСТАНБУЛ – Во јануари 2016 година бомбаш-самоубиец од ИД се разнесе меѓу германски туристи пред Аја Софија и Сината џамија, при што уби 12 луѓе.
ПАРИЗ – Група џихадисти уби 130 луѓе во низа координирани напади на повеќе цели во ноември 2015 година.
КОПЕНХАГЕН – Напаѓач на возраст од 22 години уби две лица во данскиот главен град, по што беше застрелан од полицијата.
ПАРИЗ – Во напад на редакцијата на сатиричниот весник „Charlie Hebdo“ беа убиени 17 луѓе. Одговорноста ја презеде Ал Каеда.
ОСЛО – Десничарот Андерс Брејвик уби 77 луѓе на островот Утоја, во близина на Осло во јули 2011 година.
ЛОНДОН – Четворица британски муслимани во координирани бомбашки напади врз системот на јавниот превоз во Лондон во 2005 година убија 56 и ранија околу 700 луѓе.
МАДРИД – Во координирани напади врз возови на мадридската подземна железница во март 2004 година беа убиени 191 лице, а ранети 1.500.
OhridNews
извор: „Макфакс“