По претходни сознанија, полицијата околу три часот утринава кај село Радуша пресретнала возило на криминална група која транспортирала оружје. Бил отворен оган кон полицијата на што било возвратено. Во престрелката биле убиени четворица од вооружената групаа, а било запленето и големо количество на оружје.
Според првичните информации еден жител на селото Мерово и двајца од селото Грчец се меѓу четворицата загинати во ноќешната претрелка меѓу македонската полиција и криминална група во Радуша, додека за четвртиот загинат се претпоставува дека е жител на Косово.
Пред две недели полицијата на косовско-македонската граница во близина на селото Блаце заплени голема количина на оружје, при што беше ранет еден припадник на криминалната група.
извор: „Макфакс“