Четири лица се убиени во заложничката драма во градот Аурора во американската сојузна држава Колорадо.

По повеќечасовни преговори со грабнувачот, полицијата упаднала во куќата во која тој под закана со оружје држел присилно повеќе лица. Полицијата го убила грабнувачот, кој претходно убил тројца заложници.

Мотивот на убиствата е непознат, пренесуваат американските медиуми.

Во Аурора минатата година се случи страотен масакр кога ментално болниот Џејмс Холмс вооружен упадна во кино на премиерата на „Бетмен“ убивајќи 12 и ранувајќи 58 невини луѓе.

OhridNews
извор:„index.hr“