Илјадници посетители во понеделникот поливајќи се со вино го отвориле најпознатиот шпански фестивал во Памплона на кој традиционално се одржуваат улични трки со бикови. Првата се одржала во вторникот, а биле пуштени шест бика кои трката ја завршиле за две минути и дваесет секунди.


Шпанските медиуми пренесуваат дека посетителите добро трчале и дека во болница биле пренесени само четворица учесници, повеќето странци. Во трките со бикови, кои се одржуваат од 1911 година до сега загинале 14 луѓе. Минатата година погинал еден 23-годишен Шпанец. Трките завршуваат за девет дена и сите се пренесуваат на шпанската национална телевизија.