Според австралиските медиуми осомничен за убиството е 28-годишниот Паоло Нунѕио Стањо, кој го застрелал Наумовски откако дошол вооружен во неговиот дом. Стањо не побарал да биде ослободен со кауција и останува во притвор.
Дополнително, како помагачи на Стањо за да се ослободи од телото на Наумовски се две жени, на возраст од 26 и 36 годишна возраст и еден 37-годишен маж.
Тројцата се ослободени со кауција и ќе се појават на суд на 20-ти октомври.
извор: „Макфакс“