Четворица охриѓани на возраст од 30 до 39 години заработиле кривични пријави поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ односно дека учествувале во тепачка во кафе бар во Ресен.

Според информациите од Ресенската полициска станица, четворицата охриѓани заедно со уште четири лица од Ресен и едно лице од Скопје на 1-ви август 2015 година околу 22.00 часот во кафе бар во Ресен, најпрво започнале вербална распрвија по што започнале и физичка пресметка, при што настанал општ неред и тепачка со фрлање на делови од инвентар и шишиња. Притоа дел од пријавените се здобиле со телесни повреди.

Со дејствието пријавените предизвикале чувство на несигурност, страв и загрозеност кај многумина присутни гости во локалот, кои го напуштиле истиот оставајќи лични предмети и неплатени сметки за добиените услуги.

OhridNews