На пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ ќе се најдат четворица кандидати од Охрид. Тројца од нив беа доскорешни пратеници: Цветко Грозданов, Анита Кипаризова – Крстеска и Александар Николоски. Тројцата котираат високо на предложената листа. Четвртиот кандидат кој се наоѓа во вториот дел од листата е актуелниот претседател на Општинскиот комитет  на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, д-р Владо Стефаноски.

Изборната проиграма на ВМРО ДПМНЕ и кандидатите од Петката ќе бидат претставени на партиската конвенција што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. На претставувањето се очекува да присуствува и носителот на пратеничката листа во 5-ката, Антонио Милошоски.

ohridnews