– Четворицата припадници се надвор од животна опасност и се вратени на извршување на мисијата, што значи дека нивната здравсвена состојба е добра и нашиот контигент продолжува со задачите без попречувања, изјави Мирче Ѓорѓевски, порптарол на Генералштаб на АРМ.
Четворица македонски војници ранети во Авганистан
За нападот биле известени семејствата на повредените војници. Со војниците вчера телефонски разговарал претседателот Ѓорѓе Иванов, кој се интересирал за нивната здравствена состојба.
Повредените војници се дел од контингентот на АРМ кој во јули годинава од Охрид замина во Кабул, каде ја обезбедува командата на ИСАФ.
Одговорноста за нападот кој се случи на пет дена до изборите во Авганистан ја презедоа талибанците.