Во текот на изминатиов викенд на подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се едно кривично дело ,,Тешка кражба“ , три кривични дела ,,Кражба“ и едно кривично дело ,, Оштетување“. Јавниот ред и мир е нарушен во еден случај а евидентирани се три сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета. Од страна на полициските службеници, реализирани се две кривични дела ,,Кражба“ а четири лица се фатени непосредно по извршено кривично дело ,,Кражба“.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирана е една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.
На станичното подрачје Кичево, евидентирани се две кривични дела,,Тешка кражба“ и две кривични дела ,, Кражба“. Сообраќајната полиција во Кичево евидентирала една сообраќајна незгода со материјална штета.
На подрачјето на Полициската станица Дебар, регистриран е еден настан односно еден несреќен случај во кој едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Против сторителите на кривичните дела ке бидат поднесени соодветни пријави.
ohridnews