Сообраќајна несреќа се случила денеска околу 17:30 часот на Мислешевски пат во која учествувале возило на МВР марка Форд и автомобил Опел со струшки регистарски таблички.

Очевидци сведочат за  незгодата во која повредени се возачот на опелот и  тројца полициски службеници кои се пренесени во специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид.

На местото на несреќата извршен е увид.

OhridNews