Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваа надвор се враќаат во државата. Како што информираат од Министерството за здравство повредените лица се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).

Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во Македонија во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија, посочуваат од Министерството.

Воедно, велат се следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани повредени беа 193 лица, а починаа 61.

OhridNews