Во последните 24 часа се направени 1574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, од кои 4 во Охрид, информира Министерството за здравство. Најмногу случаи и денеска има во Скопје 43, следи Куманово со 11, Прилеп 5 , Струга 5…

Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61г), пациент од Штип (81г) и двајца пациенти од Гостивар (76г и 81г) и еден пациент од Прилеп (53г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од кои 3 во во Охрид и 2 во Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14998, бројката на оздравени пациенти е 12149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2235.

OhridNews