Големата турнеја на светски познатиот џез и фанк музичар Владимир Четкар ќе започне од Скопје на 30 ноември, со настап на во ресторанот ‘FOUR’ во новиот хотел „Парк Хотел и Спа“ на манифестацијата „Вино и Задоволство“ организиран од винаријата Тиквеш.
На 2 декември Четкар ќе настапи во народниот театар во Битола, по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 1100 години од упокојувањето на Св Климент, а наредниот ден македонскиот џез, соул и фанк артист патува за Малезија каде на 4 декември ќе го затвори најпознатиот малезиски џез фестивал „Пенанг Ајланд Џез Фестивал“.
На 10 декември Четкар ќе одржи концерт во Куала Лумпур а на 12 декември ќе го отвори интернационалниот џез фестивал во Пном Пен, Камбоџа каде ќе се претстави пред кралското семејство и димпломатскиот кор на земјата.
на 23 и 24 декември Четкар ќе одржи 2 концерта во Мумбаи, Индија. Настапот на 24 декември ќе биде на главната сцена на „Муд Индиго“, најголемиот колеџ фестивал во цела Азија.
OhridNews