Позтатиот џез-фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар, на 8-ми март концертно ќе настапи во Менхетен во „Блу Ноут“ или како што популарно го нарекуваат “Светската престолнина на џезот”. Четкар во Блу Ноут се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.

Како гостин на концертот кој ќе започне на полноќ ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и Диско музиката, Ди Си Лару кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит “Катедрали”.

Истиот ден во „Блу Ноут“ ќе настапат и музичките џез, фанк икони, Crusaders и тоа со славната стара постава (Joe Sample, Wayne Henderson & Wilton Felder) препознатливи по нивниот мега хит “Street Life” кој таа вечер соул дивата Randy Craword треба да го исполни во интимнa атмосфера.

OhridNews