Охриѓанецот Владимир Четкар ќе одржи концерт во славната Бруклиншката Академија за Музика – Brooklyn Academy of Music (BAM) на 7-ми јануари.

Бруклиншката Академија за Музика во Њујорк е еден од најпознатите светски центри за прогресивна уметност и Четкар ќе биде првиот Македонец кој ќе настапи тука и ќе се  претстави како авторски уметник.


Настапот на познатиот македонски уметник на Бруклиншката Академија за Музика е проследен со големо внимание, а потврда за тоа е и најавата на академијата за претстаојниот концерт на Четкар:

“Богатиот спој на џез, фанк и соул на македонскиот гитарист Владимир Четкар со леснотија од почеток до крај преди од задоволство – вистински комплимент на неговиот заводлив брак од потентен стил и беспрекорна техника. Неговото свирење е живо, со слободен дух и оригинално и доколку повремените високи гудачи и брзото фанк темпо ви го евоцира диското, тогаш емотивниот и страствен глас на Четкар ги повикува само најрафинираните џез богови.”

Владимир Четкар ќе биде придружуван од Мото Фукушима на бас, Милан Миланович на клавијатури и Арон Стил на тапани.

Концертот е спонзориран од БАМ и влезот е бесплатен.

OhridNews