Владимир Четкар на 3-ти март ќе настапи на „Џава Џез Фестивалот“ во Џакарта, еден од најголемите и најпрестижните интернационални џез фестивали во светот. Четкар ќе настапи на една од главните сцени, а ќе биде придружуван од македонски, американски и тајландски музичари-од Филип Стевановски на тромбон, Коди Роландс на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Супакит Фоганакит на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

После Индонезија, Четкар ќе продолжи со турнејата во Тајланд каде ќе одржи два концерта, еден во Бангкок на 12-ти март во познатиот џез клуб „Џез Суши“, а другиот на 18-ти март на музичкиот фестивал Патаја.

OhridNews