Владимир Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во светски прочуениот њујоршки клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“ каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.

Четкар во Би Би Кинг ќе настапи на 6 Мај, сабота, во сцената Лусил која е именувана по гитарата на блуз легендата Би Би Кинг каде ќе се претстави со авторска музика, а ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Алтасар Отесен на тенор саксофон, Сет Вивер на Тромбоне, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс  Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани.

Посебно признание за Четкар доаѓа од Јужна Кореа каде неодамна најпознатиот  Корејски џез фестивал, Јарасум Џез Фестивалот кој воедно е еден од најголемите во светот ја одбра композицијата на Владимир Четкар ‘Heavenly’ како официјална музичка тема и направи музичко видео со најдобрите  моменти од фестивалот:

OhridNews